Хакери го „урнаа“ најголемиот нафтовод во САД: Прекината работата, сите системи изгаснати!

Сподели со своите пријатели

Најголемиот нафтовод за пренос на рафинирана нафта во САД, „Колонијален нафтовод“, ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопштено е од таа компанија.

Loading...

Се посочува дека нападот бил откриен на крајот на неделава, дека сите системи биле затворени, како и дека интернетот бил исклучен за да се реши проблемот.

– Со оваа постапка сите операции беа привремено прекинати и тоа влијаеше и на некои технолошки системи – се наведува во соопштението.

Компанијата ангажираше компанија задолжена за безбедност на интернет за истрагата, додека беа контактирани и федералните власти.

Медиумите претходно објавија дека „Колонијалниот нафтовод“ ја затвори својата главна линија за бензин и дестилации.

Гасоводот на компанијата ги поврзува рафинериите со пазарите низ јужниот и источниот дел на САД преку систем од 8,850 километри низ кој минуваат бензин, дизел, керозин и други преработени производи.

Leave a Reply