Гутереш: Загрижен сум што претседателот на Нигер е во заробеништво

Сподели со своите пријатели

„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осудува неуставната промена на власта во Нигер“, изјави неговиот портпарол откако армијата објави дека го соборила претседателот Мохамед Базум.

Loading...

Портпаролот на Гутереш, Стефан Дујарик, рече дека генералниот секретар на ОН е длабоко загрижен поради приведувањето на претседателот Базум од страна на членовите на претседателската гарда.

„Генералниот секретар повикува на итен прекин на секоја акција што ги крши демократските принципи во Нигер“, додаде Дужарик.