Гутереш: Нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави денеска дека нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел, откако израелските власти го повикаа да поднесе оставка поради неговата изјава дека нападите на Хамас „не се случиле во вакуум“.

Loading...

Гутереш на платформата Икс (Твитер) напиша дека поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат страшните напади на Хамас, ниту дека нападите на таа група можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ, пренесе Ројтерс.

Израелските власти го критикуваа Гутереш во вторникот, откако тој му рече на Советот за безбедност на ОН дека е исто така важно да се признае дека нападите на Хамас не се случиле во вакуум.

Многу израелски официјални лица оттогаш го повикаа Гутереш да поднесе оставка.

Постојаниот претставник на Израел во ОН, Гилад Ердан, во вторникот го повика Гутереш веднаш да поднесе оставка бидејќи, како што рече, не е способен да ја води светската организација.

„Генералниот секретар на ОН кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање деца, жени и постари лица не е способен да ги води ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка“, напиша Ердан на платформата Икс (Твитер).

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен на седницата на Советот за безбедност го критикуваше Гутереш за неговите критики за нападите на Израел врз Газа, прашувајќи го „во каков свет живее“.

Коен подоцна на платформата Х напиша дека ја откажал планираната средба со Гутереш.

Loading...

Гутереш претходно повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и нагласи дека „страшните напади“ на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да го оправдаат „колективното казнување на палестинскиот народ“.

„Ниту една страна во вооружен конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, рече генералниот секретар на ОН.

Тој посочи дека нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври не се случиле „во вакуум“ и нагласи дека палестинскиот народ е под окупација 56 години, пренесува Танјуг.