Грузијците тргнаа да се борат во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Доброволци од Јужна Осетија тргнаа кон Донбас да се борат против руските сили.

Loading...

Тие беа придружувани до Донбас со знамиња, како што може да се види на видеото.

 

Британија и пет други земји побараа седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

 

Последните недели се слушаат повици Грузијците да ја искористат ситуацијата во Украина, каде од 24 февруари трае инвазијата на руската армија.

„Украина денес гори и ние Грузијците имаме единствена можност да си ја вратиме територијата“, вели еден од нив во видеото објавено на социјалните мрежи, а кое се чини дека е снимено некаде во Украина, пренесува грузискиот сервис RSE.

„Ние Грузијците кои се боревме за слобода во Украина… ние исто така сме подготвени да се бориме за слободата на Грузија… Затоа ве повикуваме да земете оружје и да удрите врз непријателот. Никогаш повеќе нема да имаме таква шанса“.

Loading...

 

Зеленски испрати порака до руската армија: Спуштете го оружјето

 

За да помогне во одбраната на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги покани странците да дојдат во Украина и да се приклучат на меѓународната легија.

Околу 20.000 луѓе од 52 земји доброволно се пријавија да се борат во Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.