Груби: Докторите и медицинските сестри се наши секојдневни херои

Сподели со своите пријатели

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска им се заблагодари на здравствените работници за напорите што ги вложуваат за справување со пандемијата со Ковид-19, потенцирајќи дека тие се нашите секојдневни херои.

Loading...

Груби заедно со министерот за здравство Венко Филипче беше во посета на Општата болница во Гостивар.

– Им велам на сестрите и на докторите и на целиот персонал дека вчера славевме херојството на фудбалерите и беше ден посветен на нив бидејќи се раздувавме заедно, но всушност наши секојдевни херои се тие, кои всушност секојдневно се борат со последиците од пандемијата и се нашите вистински и секојдневни херои така што им честитам, им се заблагодарувам на сите, а целиот нивни придонес. Честитки и за новиот оддел и се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни од услугата, рече Груби.

Елизабета Велјановска-Најдеска

Leave a Reply