Грција воведува нови правила за посета на Акропол и други споменици

Сподели со своите пријатели

Посетите на античкиот Акропол во Атина ќе бидат регулирани од септември, вклучително и ограничување на бројот на туристи, за да се намалат долгите редици и тесните грла во шпицот, објави грчкото Министерство за култура.

Loading...

Максимум 20.000 луѓе дневно ќе можат да го посетат овој историски споменик, најпосетуван во Грција.

Сајтот ќе биде отворен 12 часа на ден, а на посетителите ќе им биде дадено точно време за турата.

Новиот систем ќе биде воведен пробно на 4 септември, додаваат од Министерството.

Одлуката е донесена за да се заштити 2.500 години стариот Акропол и да се „засили искуството на посетителите“.

Сличен систем ќе биде воведен од 1 април следната година и за другите грчки археолошки локалитети.

Според грчката национална статистичка агенција Елстат, повеќе од три милиони луѓе го посетиле Акропол минатата година, во споредба со 1,2 милиони во 2021 година, за време на пандемијата на коронавирус.

Грција во јули неколку пати го затвори Акропол поради екстремно силен топлотен бран.

Loading...