Грција проверува 64.000 згради во страв од земјотреси

Сподели со своите пријатели

Грција одлучи да провери околу 64.000 згради поради опасност од земјотреси.

Loading...

Весникот „Катимерини“ објави дека ваквата одлука била донесена на неодамна одржаниот состанок со кој претседавал премиерот Киријакос Моцотакис.

Според извештајот, приоритет ќе имаат 30.000 локации, вклучувајќи плоштади, болници и училишта.

Се додава дека се очекува Министерството за цивилна заштита наскоро да објави конкретен план бидејќи надлежните органи бараат законска формула за да се направи задолжителна контрола на градбата.

Агенцијата за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) ќе ја ажурира мапата за сеизмички ризик на земјата, која последен пат беше ажурирана по земјотресот во 1999 година.

Грчката влада ги презеде овие мерки по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а во кои според последните податоци загинаа повеќе од 46.000 луѓе.