Гран при за КУД „Панче Пешев“

Сподели со своите пријатели

Културно -уметничкото друштво „Панче Пешев“  освои Гран при на меѓународниот фолклорен фестивал „Тодорица “ што се одржа викендов во Свети Николе. Фестивалот на изворен фолклор годинава се одржа по 19-ти пат, а од 2003-та  година има и меѓународен карактер заради учество на фолклорни ансамбли од други земји. Организатор на манифестацијата е локалната самоуправа на Општина Свети Николе и Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“.

Loading...

Фестивалот годинава започнал со прием кај градоначалникот Сашо Велковски, а продолжил со дефиле на учесниците низ градот, по што настаните продолжиле во кино салата во Домот на културата. Во програмата учествувале ансамбли  кои негуваат изворен фолклор од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина , вкупно 14, информира претседателот на КУД „Панче Пешев“ ,Мирослав Крстевски.

– Културно -уметничкото друштво „Панче Пешев “се претстави со изворна игра и со обичајот  китење на брада. Во конкуренција од 14 ансамбли, Панче Пешев освои Гран при на самиот фестивал, на кој што учествувавме и порано, но последните неколку години од повеќе причини, не учествуваме. Посебно задоволство беше кога жирито не прогласи за најдобри, тоа е еден стимул за повеќе да се работи, изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“ Куманово

Крстевски со апел до надлежните да посветат поголемо внимание на културно уметничките друштва во земјава бидејќи тие се најдобрите амбасадори и промотори на културата и традицијата.

-Апел до инстициите од културата и на локално и на централно ниво, малку повеќе да се обрне внимание на куд во Куманово и Републиката бидејќи културата не треба да се жртвува, таа е нешто најсвето, нашиот  идентитет, нашата традиција, мора да се води сметка за овие културно- уметнички друштва кои што најдобри амбасадори и презентери на својата култура, традиција, изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД  „ Панче Пешев“

Превозот за учеството на културно уметничкото друштво „Панче Пешев“  на фестивалот во Свети Николе го обезбедила Општина Куманово.

Leave a Reply