Градоначалникот Максим Димитриевски на конференција во Лондон (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот Максим Димитриевски учествуваше на Конференција во Лондон на EBRD Green Cities, градење на подобра и поодржлива иднина на градовите. Настанот е дел од неделата на климатските активности во Лондон.

Loading...

Во рамките на конференцијата, градоначалникот оствари средба со директорот за инфраструктура за Европа,Сусан  Гоеранссон. На средбата се разговараше за можноста за приклучување на општина Куманово во друштвото на Зелените и енергетско ефикасни градови во светот, како и за можност за реализација на енергетско ефикасни проекти во реконструкција на постоечката јавна инфраструктура (училишта и детски градинки) во општината и финансиска поддршка од банката.

Исто така на настанот беа истакнати најновите трендови во финансирањето на зелените градови, oд иновативни технологии до инвестиции во одржлива инфраструктура.Учесниците има можност да ги споделат своите искуства во дизајнирањето и инвестирањето во одржливи грдови,како и да дадат свои предлози за справување со урбаните предизвици за обезбедување на подобра и поодржлива иднина за градовите и нивните жители.

Leave a Reply