Готвач го каснала исечена глава на кобра, додека телото ѝ го подготвувал за вечера

Сподели со своите пријатели

Можеме слободно да го класифицираме ова во колоната – верувале или не, бидејќи какви се шансите готвачкда го касне отсечената глава на кобра додека нејзиното тело се подготвува за вечера?!

Loading...

Ова се случило пред неколку години со славниот готвач Пенг Фан додека подготвувал јадење што ретко се подготвува во азиските домови во последните години – супа од кобра.

За овој настан се зборува и денес.

Фану ја отсекол главата на кобрата додека го подготвувал ова јадење, но кога одлучил да ја фрли во ѓубре по 20 минути, таа глава го каснала.

Главата на кобрата испуштила силен отров во неговиот крвоток, па несреќниот Пенг починал пред да пристигне во болница.

На прашањето – како е можно ова  одговор дава експертот Јанг Хонг -Чанг, кој ги проучува змиите веќе 40 години.

Тој тврди дека сите влекачите можат да функционираат и до еден час откако ќе изгубат дел од телото, па дури и, како во овој случај, целото тело.

„Сосема е можно главата да функционира и да ја гризне раката на готвачот. Иако змијата биила мртва, рефлексите сѐ уште функционирале. Ова значи дека змиите можат да каснат и да внесат отров дури и откако ќе им ја отсечете главата”, објасни Хонг-Чанг и додава дека ова е многу невообичаен случај.

Loading...

Треба да се потсети дека отровот што го ослободуваат кобрите предизвикува задушување и парализа, а доколку стигне само до очите, лицето веднаш станува слепо.

Затоа ракување со овие опасни влекачи не им се препорачува на неискусни лица.

Се сеќаваме само на Бернардо Алварез (62), познатиот ловец на најопасните змии од Филипините, кој тврдеше дека е имун на нивниот отров. Тој починал на лице место кога кобра му го гризнала јазикот, откако наводно се обидел да ја бакне.

Само неколку моменти пред неговата смрт, Алварез фатил еден од најотровните видови кобра што бил пронајден во населбата на 9 јули.

Публиката околу ловецот на змии потоа го бодрела и му ракоплескала. Додека тој, понесен од атмосферата, ја покажал змијата на ентузијастичките луѓе, дозволил да му се приближи до лицето додека се правел дека ја бакнува во уста.

Сепак, тој не сметал на брз напад од една од најотровните змии во светот, која во миг „налетала“ кон неговата уста и го гризнала за јазикот!

Шокиран, Алварез врескал од болка, а потоа паднал на земја и набргу починал.