ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Чекор кон откривање универзален лек за ракот

Сподели со своите пријатели

Еден реномиран британски универзитет објави студија во која тврди дека тие се на чекор да најдат универзална терапија за сите видови на карцином.

Loading...

Научниците велат дека откриле метод со кој тие убиваат клетки на ракот кои го напаѓаат телото.

Дури 9 видови карцином се сметаат за најбрзи убијци

Ова истражување, објавено во угледниот научен магазин „Nature Immunology“, досега не било тестирано од пациентите, но истражувачите велат дека „има огромен потенцијал“.

И покрај фактот дека нивната работа е во рана фаза, тие велат дека тоа е чекор напред што може да даде огромен придонес во борбата против оваа злобна болест.

Клучот лежи во имунитетот

Имунолошкиот систем е природна одбрана на нашето тело од инфекции кои исто така ги напаѓаат клетките на ракот. Меѓутоа, кога туморот го напаѓа телото, нашиот одбранбен систем станува збунет и не знае како да реагира.

13 здравствени проблеми кои ги предизвикува загадениот воздух

Loading...

Токму поради тоа, ова откритие се чини дека е многу важно. Научниците кои се занимаваат со овој проблем веќе долго време трагаат по неоткриени начини на кои имунитетот природно ги напаѓа туморите.

При ова истражување, тие откриле Т-клетки (Т-лимфоцити) во крвта. Ова се имуни клетки кои можат да го скенираат телото и да проценат каде постои закана за нашето здравје што треба да се отстрани. Може да се користат за да се „нападнат“ разни видови на тумори.

– Постои шанса да ги третираме сите пациенти со карцином на овој начин. Досега никој не сфатил дека тоа е можно, да се открие сеопфатна терапија во која еден вид Т-клетка ќе може да уништи повеќе видови на карцином – изјави професорот Ендру Севел за Би-Би-Си.

Зошто борбата против ракот е толку тешка?

Значењето на ова откритие

Веќе постои третман на рак со Т-клетки и развојот на имунотерапија на тумор е еден од најзначајните придонесувачи во борбата против овие смртоносни заболувања.

Најпознат пример е CAR-T – персонализирана терапија базирана на генетска модификација на имуните клетки на пациентот за да можат да препознаат и нападнат тумори.

Во некои случаи, CAR-T има зачудувачки резултати – кај пациентите кои биле на работ на смртта болеста била донесена на целосна ремисија.

Loading...

Пиете премногу топли напитоци? Расте ризикот од рак на хранопроводникот!

Оваа терапија е многу специфична и работи во ограничување на бројот на видот на карциноми, каде што има јасна цел и патека Т-клетките до оние што се болни. Исто така, овој вид на третман не се покажа успешен во борбата против видови тумори кои создаваат рак, туку само против малигни крвни заболувања како леукемија.

Како функционира терапијата?

Т-клетките имаат „рецептори“ на нивната површина што им овозможуваат да го „скенираат“ телото на хемиско ниво.

Тим научници од Кардиф откриле еден вид Т-клетка и неговиот рецептор кој, во лабораториски услови, има можност да пронајде и убие широк спектар на клетки на ракот, вклучувајќи ги и оние во белите дробови, кожата, дебелото црево, простатата, јајниците, бубрезите и матката.

Животен век на човекот: Зошто не живееме подолго?

Клучно, за време на оваа постапка, ткивата кои не биле погодени од туморот биле недопрени. Но, како работи целиот механизам засега е непознато.

Како би изгледала практика?

Loading...

Третманот би започнал со земање на примерок од крв од пациентот. Неговите Т-клетки ќе бидат земени и генетски модифицирани и репрограмирани за да се добие рецептор за откривање на карцином.

Ваквите „напредни“ клетки би биле „одгледувани“ во големи количини во лабораторијата и потоа би се вбризгувале кај пациентот.

Истата постапка се користи и во терапиите со CAR-Т. Сепак, овој метод сè уште не е тестиран кај луѓето, но покажа позитивни резултати во борбата против туморите кај животните.

Истражување: Отров од бразилската оса ги убива клетките на рак

– Ние сме први што опишуваме Т-клетка што открива МР1 во клетките на ракот. Никој досега не го сторил тоа – заклучи научникот Гери Долтон во изјава за Би-Би-Си.

Сепак, медиумите известуваат дека овој специфичен рецептор на Т-клетки комуницира со молекула наречена МР1, која се наоѓа на површината на секоја клетка во нашето тело.

Loading...

Се смета дека МР1 го известува имунолошкиот систем дека нешто се случува во ќелија заразена од карцином.

Експертите велат дека ова откритие е од големо значење и им помага на научниците да разберат на нов начин како клетките на туморот го напаѓаат организмот, што е важно затоа што ваквото знаење развива поефективни методи за борба против оваа злобна болест.

Leave a Reply