13 здравствени проблеми кои ги предизвикува загадениот воздух

Сподели со своите пријатели

Живеењето во загадени градови носи многу поголем ризик од депресија, вклучително и самоубиства, бидејќи отровите можат сериозно да го оштетат мозокот, велат научниците.

Loading...

Истражувачите од Универзитетот во Лондон анализирале студии за ефектите од долгорочно вдишување на токсичен воздух врз менталното здравје на луѓето во 16 различни земји.

Резултатите покажаа дека стапката на самоубиства и депресија растела како што и растела и стапката на загадувањето.

Се смета дека на тоа, меѓу другото, влијаат отровни честички што ги ослободуваат автомобилите и индустријата, кои преку видушвањето продираат во крвотокот или влијаат на нивото на хормоните на стрес, што е поврзано со лошото ментално здравје.

Анализата покажа дека просечната изложеност на ситни отровни честички, изразена како ПМ честички (particulate matter) од 2,5 (што одговара на најмалите честички), е 44 микрограми на метар кубен (ug / m3). На секои 10 микрограми на метар кубен над оваа вредност, имало околу 10 проценти повеќе случаи на депресија и два проценти повеќе самоубиства.

Image by ResproPolska from Pixabay

Загадувањето исто така го поттикнува растот на дегенеративни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест и други форми на деменција, велат експертите.

Loading...

Изложеноста на загадување доведува до понизок коефициент на интелигенција кај децата.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во мај 2019 година откриле дека децата родени од мајки кои живеат во загадени области имаат IQ коефициент е до седум поени пониско отколку кај деца кои живеат на места каде се води грижа за чистотата на воздухот.

Еве некои од последиците од загадениот воздух…

Го забавува развојот на децата

Младите луѓе кои живеат близу прометни улици имаат двојно поголема веројатност да не успеат во тестовите за комуникациски вештини во првата година од животот, откриле истражувачите од Националниот институт за здравје на децата „Јунис Кенеди Шрајвер“.

Исто така, докажано е дека тие веројатно имаат лоша координација на рацете и очите.

Анксиозност кај децата

Научниците од Универзитетот во Синсинати тврдат дека загадувањето може да ја промени структурата на мозокот на детето и да доведе до анксиозност.

Loading...

Го скратува животот

Децата родени денес ќе изгубат скоро две години, како резултат на загадувањето на воздухот, се вели во извештајот на американскиот институт за здравствени перформанси на Универзитетот во Британска Колумбија.

Го зголемува ризикот од аутизам

Истражувачите од универзитетот Монаш во Австралија откриле дека младите луѓе кои живеат во области со висок ризик имаат 86 проценти поголема веројатност да развијат нарушувања од спектарот на аутизам.

Предизвикува астма кај деца

Четири милиони деца ширум светот развиваат астма на годишно ниво заради загадување од сообраќајот, според студијата на експерти од универзитетот Џорџ Вашингтон.

Иако се поделени околу тоа што ја предизвикува астмата, научниците се согласуваат дека изложеноста на загадување кај децата го зголемува ризикот од оштетување на белите дробови.

Loading...
Image by engin akyurt from Pixabay

Влијае врз насобирање на мастите

Експертите од универзитетот во Јужна Калифорнија откриле дека 10-годишниците кои живееле во загадените области кога биле бебиња, во просек биле околу еден килограм потешки од оние што пораснале на места каде што постојат прочистувачи на воздухот.

Загадувањето со јаглерод моноксид може да го наруши процесот на согорување на маснотиите, велат научниците.

Доведува до стерилитет кај жените

Научниците од Универзитетот во Модена во мај 2019 година објавија дека веруваат дека загадувањето ја забрзува слабоста на јајниците кај жените, исто како и пушењето.

Loading...

Го зголемува бројот на абортуси

Научниците од Универзитетот во Јута сугерираат дека бремените жени кои живеат во области со голема загаденост имаат околу 16 проценти поголема веројатност да доживеат абортус.

Расте ризикот од карцином на дојка

Научниците од Универзитетот во Стерлинг откриле дека жените кои работат на прометно сообраќајно место се изложени на голем ризик од заболување од карцином на дојка во рок од три години од вработувањето.

Ја оштетува спермата

Loading...

Научниците од бразилскиот Сао Паоло откриле дека глувците изложени на токсичен воздух имаат помалку сперма и имаат послаб квалитет во однос на спермата на глувци кои вдишуваат чист воздух уште од раѓање.

Ја уништува желбата за секс

Истражувачите од универзитетот Гуангжу во Кина откриле дека стаорците изложени на загадување на воздухот имаат повеќе проблеми во постигнувањето сексуална возбуда.

Загадувањето, исто така, се смета дека влијае на луѓето, бидејќи вдишувањето на отровни честички може да предизвика воспаление во крвните садови и да предизвика гениталиите да добијат помалку кислород, што пак влијае на способноста на мажот да постигне сексуална возбуда.

Image by ResproPolska from Pixabay

Leave a Reply