Зошто борбата против ракот е толку тешка?

Сподели со своите пријатели

Клетките на ракот е тешко да се победат, поради екстрахромозомски кружни ДНК молекули, откриле научниците од Универзитетот Калифорнија во  Сан Диего, универзитетот Стенфорд и Медицинскиот институт Хауард Хјус се пронајдени во студијата објавена во списанието „Nature“.

Loading...

Научниците ја анализирале ДНК-секвенцата за да ја откријат молекуларната структура, да создадат тродимензионален модел на молекулата и слика на епигенетска регулатива што влијае на генската активност.

Студијата покажала дека циркулираниот ДНК тип се наоѓа во големи количини во клетките на ракот на пациентите и тоа придонесува за агресија на туморот.

Покрај тоа, лекарите утврдиле дека ваквото однесување игра клучна улога во развојот на малиген тумор и во прогресијата на карциномот.

Научниците додаваат дека екстрахромозомната ДНК не е типична за човечкото тело и е присутна во клетките на ракот во половина од случаите со овој вид на болест.

Со оваа ДНК структура, лекарите потенцираат дека однесувањето на клетките на ракот многу потсетува на однесувањето на клетките на еукариотските бактерии. Значи, кога клетките на ракот се делат, се прават неколку копии на кодираните онкогени и токму затоа туморот се развива побрзо.

Leave a Reply