Пиете премногу топли напитоци? Расте ризикот од рак на хранопроводникот!

Сподели со своите пријатели

Научниците од американското Здружение за рак тврдат дека две чаши топол чај на ден, доколку неговата температура е околу 60 степени, го удвојува ризикот од рак на хранопроводникот, па затоа препорачуваат да се пие кога ќе се олади.

Loading...

Новите истражувања покажуваат дека пиењето топол чај може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводникот и до 90 проценти, според тимот од американското здружение за рак.

Експерти од тимот откриле дека пиењето две чаши врел чај над 60 степени Целзиусови скоро го удвојува ризикот од рак на хранопроводот кај субјектите.

Во студијата не биле испитувани други топли пијалоци, така што засега е само претпоставка дека причината е високата температура на чајот, а не самиот чај.

Студијата разгледала 50.000 луѓе на возраст меѓу 40 и 75 години и открила дека оние кои пијат 700 милилитри чај (околу две чаши) на температура од 60 степени, имаат 90 проценти поголема веројатност да заболат од рак на хранопроводникот во рок од 10 години .

Во текот на студијата, откриени се 317 случаи на рак на хранопроводникот, чии резултати биле објавени во списанието за карцином.

– Многу луѓе уживаат да пијат чај, кафе или други топли пијалоци, рече главниот автор на студијата, д-р Фархад Ислами, додавајќи дека студијата укажува дека тоа не е добро и дека се препорачува да почекате топлите пијалоци малку да се оладат.

Тој додава дека е невозможно траумата да предизвикува промени во клетките, поради што се развива карцином.

Loading...

Додаде дека во новиот труд не е наведен апсолутен ризик, односно дека ризикот е многу низок за поединецот, но на ниво на одделни земји е многу важно да се земат предвид причините.

Leave a Reply