Животен век на човекот: Зошто не живееме подолго?

Сподели со своите пријатели

Во најголем дел од последните два века, животниот век на луѓето е продолжен со забрзано и стабилно темпо.

Loading...

Во текот на 1840-тите, луѓето живееле во просек малку подолго од четириесет години, но потоа, во раните 1900-ти години, за време на Викторијанскиот период, подобрата исхрана, хигиена, услови за живеење и развој на санитарен систем имаа ефект врз продолжување на животниот век на шеесет години.

Како што напредувал 20-тиот век, со исклучок на воените години, постигнат е натамошен напредок со воведување на универзална здравствена заштита и вакцинирање на деца, јавува Би-Би-Си.

Нови достигнувања беа направени во 1970-тите, благодарение на медицинскиот напредок во третманот, особено за пациенти кои доживеале мозочен удар и срцев удар.

Image by StockSnap from Pixabay

Овие големи чекори беа толку значајни што, до почетокот на 21 век, животниот век на раѓање беше 80 години за жените и 75 за мажите. Трендот продолжи со тоа што демографите додадоа околу една година живот на жителите приближно на секои четири години.

Но, тогаш трендот одеднаш запре, поточно, забави прилично нагло, со пресврт во 2011 година.

Loading...

Девијација или долгорочен тренд?

Првично, експертите се прашуваа дали станува збор за отстапување. Поточно, 2015 година беше исклучок. Бројот на смртни случаи нагло се зголеми, особено за време на зимата кога во светот кружеше многу силен вид на грип.

Но, денес, јасно е дека имаше нешто повеќе од краткорочна аномалија.

Image by Michal Jarmoluk from Pixabay

Според најновите податоци на Националното биро за статистика за 2016-2018 година, се отфрлаат последиците од тешката зима. И, додека во меѓувреме се случија мали подобрувања, бројките се дури и пониски од порано. Тековните трендови сугерираат дека ќе бидат потребни повеќе од 12 години за жителите на Велика Британија да „добијат“ уште една година од животот.

„Горната граница“ е крената?

Некои научници веруваат дека по толку години напредок, луѓето едноставно достигнале горна граница на нивниот животен век.

Loading...

Најстарата жива личност на официјални записи беше Французинката Жана Калман, која почина на 123-годишна возраст, но тоа беше пред повеќе од 20 години.

Според студијата објавена од научното списание „Nature“, границата на животниот век на една личност е, ако ги исклучиме крајностите како Жана Калман, околу 115 години.

Други тоа сепак го оспоруваат. Еден од нив е американски генетичар, Дејвид Синклер, кој ја напиша книгата „Животен век“ и вели дека со подобрување на гените поврзани со долговечноста, луѓето би можеле да можат да живеат подолго од Жана Калман.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Експертот за стареење во Националната канцеларија за статистика на Англија, Едвард Морган, верува дека сложен спектар на фактори е веројатно причината која стои зад овој тренд. Тој вели дека би сакал да ги прошири истражувањата.

Англиското Министерство за јавно здравје веќе спроведе дел од истражувањето. Според едно објаснување, во последните неколку децении немало поголеми откритија во медицината или здравјето.

На пример, луѓето не умираат толку многу од една болест, но нивното место го заземаат другите.

Loading...

Со зголемениот број на луѓе кои успеале да преживеат срцев и мозочен удар и карцином, има зголемување на смртните случаи поради деменција.

Image by ArtTower from Pixabay

Додека медицинската заедница се обидува да открие како да го забави развојот на оваа болест, животниот век престана да расте.

Институтот за јавно здравје на Англија исто така го проучувал влијанието на сиромаштијата врз животниот век, при што поранешниот советник на СЗО, Мајкл Мармонт верува дека тоа има улога.

Leave a Reply