Голема несреќа во Грција: Се судрија возови, најмалку 32 лица загинаа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патнички воз со неколку стотици луѓе се судрил со товарен воз синоќа нешто пред полноќ во близина на Темпи кај Лариса, јавуваат грчките медиуми.

Loading...

Според последните податоци, во оваа катастрофална несреќа загинале 32 лица, а најмалку 85 се повредени.

Судирот предизвикал уништување на неколку вагони со патници, а на местото на настанот спасувачите нашле шокантни сцени: човечки тела и повредени луѓе имало насекаде околу патеката, а други биле во остатоците од вагоните.

По судирот избувнал пожар

Како што пишува грчки Катимерини, несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на градот Темпи, а спасувачите засега потврдиле дека има 32 жртви и 85 повредени патници.

Сепак, се уште ги пребаруваат вагоните, па се стравува дека бројот на загинати и повредени ќе биде уште поголем.

Од 85 повредени патници, дури 25 се во многу тешка состојба.

По ударот, кој бил страшен, се запалиле вагоните на двата воза.

Според пожарникарите кои брзо пристигнале на местото на настанот, пожарот во најголем дел е изгаснат, а акцијата за спасување е во тек.

Loading...

Медицинските екипи чекаат пожарникари да го ослободат пристапот до вагоните и потоа да ги евакуираат повредените.

Сѐ уште не се разјаснети околностите под кои се се случило. Патничкиот воз бил на линијата Атина-Солун.

Спасувањето на повредените и спасувачката акција траеше цела ноќ, а во неа учествуваа повеќе од 150 пожарникари и дури 40 возила на брза помош.

На терен се и 32 полицајци со 15 патролни возила, како и возила со кранови, кои се користат за подигање на остатоците од возот.

Според началникот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, патниците кои се во стабилна состојба со автобус се превезуваат до Солун.

– Вагон 1 и 2 не постојат. Од силината на ударот тие се исфрлени од патеката – изјави Костас Агорастос, регионален гувернер на Тесалија.

„Имаше силен тресок“

Началникот на смената во Лариса, во чија смена се случила несреќата, е приведен на распит во полициската станица Лариса.

Патниците кои без повреди беа евакуирани од возот на смртта за грчките медиуми зборуваа за моментот на несреќата.

Loading...

– Се слушна силен тресок… Возот беше полн… Знам дека возот доцнеше, а потоа се слушна тресок – рекол еден од патниците.

Министерот за цивилна заштита, Христос Стилијанидис, од првиот момент на несреќата е во Центарот за кризни состојби со други претставници на грчката Влада.

Активирана е Првата армија на грчката војска, како и воените болници во Атина и Солун.

Според Хеленик Трејн, во моментот на судирот во патничкиот воз имало најмалку 350 луѓе. Во Атина се качија околу 430 луѓе, а во Лариса заминаа околу 80, додека останатите беа во составот во моментот на катастрофалниот удар.

Оваа компанија излезе и со соопштение за медиумите.

– Во Евангелисмос дошло до директен судир на два воза: товарен воз и воз ИЦ 62 на линијата Атина-Солун. Во моментот на судирот во составот имало околу 350 патници. Пожарникарите и персоналот на компанијата излегле на терен, и учествуваат во спасувачката акција.

 

Loading...