Голем пожар во Липково, се прават напори да се спречи негово ширење

Сподели со своите пријатели

Сериозен пожар попладнево избувнал во липковско, поточно на линија меѓу селата Слупчане и Ваксинце, со насока кон Алешевце.

Loading...

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека се прават напори да се спречи ширење кон боровата шума во близина.

 

 

– Линијата на огнот е подолга од 300 метеи. Во близина има  борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока, изјави Ангелов.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово велат дека се на терен.

Гори нискостеблеста шума, а огнот го гаснат седум пожарникари со две противпожарни возила.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Никола Ивановски