Го зајакнува имунитетот и ги ублажува симптомите на менопауза: Рецепт за медицински сируп од ореви и мед

Сподели со своите пријатели

Редовното консумирање на овој сируп ќе придонесе и за зајакнување на имунитетот, ќе ги ублажи тегобите предизвикани од менопаузата, но и ќе помогне при дебелеење. Помош при анемија е уште една во низата придобивки од оваа комбинација.

Loading...

Состојките за правење на овој сируп се следните:

  • 40 млади зелени ореви
  • половина килограм мед

Подготовка:

Младите зелени ореви измијте ги и исушете ги, па исечете ги на половини или четвртини. Вака исечените ореви ставете ги во тегла и прелијте ги со медот. Затворената тегла потоа треба да се остави на светло место 40 дена. Повремено протресувајте ја смесата, но без да ја отворате теглата. За 40 дена во садот ќе се направи сируп со темна боја, благодарение на лековитиот сок што јаткастите плодови ќе го испуштат во медот. Потоа можете да ги отстраните оревите од готовиот сируп за употреба.

Доволно е секое утро на празен стомак да се конзумира по една кафена лажичка сируп, кој најдобро се чува на ладно и темно место.