Го осудиле на домашен притвор: Не можел да издржи со сопругата па сам се јавил во затвор

Сподели со своите пријатели

Човек осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор затоа што животот во домаќинството со неговата сопруга и нејзиното семејство е невозможен, објавија во саботата италијанските карабинери.

Loading...

30-годишен Албанец кој живее во Гвидонија Монтечелио во близина на Рим „веќе не можел да издржи принудна соживот со својата сопруга“, изјавија карабинерите од соседниот град Тиволи.

„Во очај реши да побегне, спонтано да се пријави кај карабинерите и побара да ја отслужи казната зад решетки“, додаваат тие.

Човекот е осуден на неколку месеци домашен притвор за злосторства поврзани со дрога и треба да отслужува таква казна неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави капетанот Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Тој рече дека „неговиот живот станал пекол“ и „дека не може повеќе“, па „сака да оди во затвор“, објасни капетанот.

Кога се пријавил кај карабинерите, мажот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, а правосудните органи наредиле да биде ставен во затвор.