Го критикувал хотелот во кој престојувал, па сега му се закануваат две години затвор

Сподели со своите пријатели

Американски турист кој на интернет објавил негативни критики за хотел во Тајланд каде престојувал, ќе одговара пред судот во таа земја за клевета, а доколку биде прогласен за виновен, може да помине и до две години затвор.

Loading...

Весли Барнс, кој е вработен во Тајланд, напиша контроверзни критики на неколку интернет страници, наводно обвинувајќи го хотелот за „модерно ропство“, на што управата на хотелот одговори дека ваквите остри критики се неосновани и штетат на угледот на објектот и поднесе тужба за клевета против Барнс, која според тајландските закони носи многу строги казни.

Според Би-Би-Си, Американецот ги објавил прегледите заради дискусија со персоналот на хотелот за тоа дали можеме да донесе сопствено шише алкохол за вечера, а по поднесувањето на тужбата, тој бил приведен, за да биде ослободен со кауција по неколку дена зад решетки.

Leave a Reply