Го киднапирале како бебе и го вратиле во погрешно семејство, по 55 години ја дознал целата вистина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американецот Пол Фонзак (55), кому родителите му кажале дека како новороденче е киднапиран од болницата за да две години подоцна биде вратен, открил всушност дека не е нивен син.

Loading...

Фронзак пораснал во Чикаго со мајката Дора и таткото Честер. Кога имал 10 години, нашол исечок од новини во кој пишувало дека бил киднпиран како бебе. Родителите му раскажале дека имал само еден ден кога жената во униформа на болничарка го земала од мајчиното нарачје. Тоа било во април 1964 година. На родителите рекла дека бебето мора на преглед и никогаш не го вратила.

Тоа веднаш станало национална вест. Повеќе од 175.000 поштари, 200 полицајци и агенти, пребарале околу 600 куќи во потрага по Пол, но залудно.

Драматичен апел на Честер о Дора Фронзак до киднаперите на бебето

Две години подоцна, момчето кое одговарало на описот на Пол било пронајдено во напуштен трговски центар во Њуарк (Њу Џерзи). Во шеесетите години од 20 век ФБИ немал начин да потврди дали тоа навистина е Пол, но одлучиле дека е и го вратила на Дора и Честер. Меѓутоа, Пол вели дека, како станувал повозрасен, станувал и се посомнителен.

– Се прашував дали тоа се моите родители. Не личев на никого во семејството, немав исти интереси како мојот брат Дејв. Јас сакав рок, мотори и пушта коса, целосна спротивност од него, рекол тој.

Loading...

Пол основал свое семејство, а кога лекарот го прашал за историја на семејни болести, сфатил дека е крајно време да ја открие вистината. Успеал да ги убеди Дора и Честер на ДНК тест и се испоставило дека не се во сродство. Потоа ангажирал приватни детективи и така дознал барем дел од вистината.

Пол е роден како Џен Розентал и шест месеци е постар од што се мислело. Се претпоставува дека пол и неговите браќа и сестри ги напуштиле родителите, затоа што мајка му била алкохоличар, а таткото пореметен воен ветеран.

Новите сознанија донеле нови предизвици: Пол сега се обидува го пронајде вистинскиот ДОрин и Честеров син, но и својата сестра близначка, која исчезнала во исто време како и тој.

Пол Фрознак напишал и книга за својот живот: „The Foundling: The True Story of a Kidnapping, a Family Secret, and My Search for the Real Me“.

https://youtu.be/2w5WrqueTkc

Leave a Reply