Глумеше во хит серија и беше омилена на публиката: Стана зависничка од наркотици и операции, наместо заби има шрафови (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Даниела Вестбрук (47) се прослави во 90-тите години од минатиот век во серијата „EastEnders“ и беше омилена кај многумина, а последните години шокираше од изгледот по пластична операција.

Loading...

Некогаш успешната актерка е мета на потсмев, додека на Инстаграм се фали со своето ново лице кое претрпе сè низ годините.

„Многу сум задоволна од изгледот на мојата кожа. Голема благодарност до неверојатниот тим што направи и ја подигна мојата самодоверба пред операцијата што ме чека во одреден момент оваа година”, напиша Даниела.

 

 

 

Додека сега и се допаѓаат резултатите од постапката, Вестбрук неодамна стравуваше дека ќе и експлодираат усните.

Loading...

„Не можам да лажам. 24/48 часа по мојата руска процедура за усни, филер и ботокс, бев толку отечена што мислев дека ќе пукнам и мислам дека на јадниот тим на лекари веќе ми се слоши од прашањата дали ова е нормално, сега сум среќна како се покажа. Ви благодарам, луѓе, за неверојатната работа што ја работите “, истакна актерката.

Во мај, Даниела ја заврши првата фаза на обнова на лицето со пластична хирургија. Таа беше присилена на операција на вилицата откако коските почнаа да и скапуваат како резултат на поранешната зависност од кокаин.

 

 

 

Во едно интервју во 2018 година, таа откри дека образите и паѓаат и дека наместо заби, има шрафови што и го сечат јазикот додека зборува. Таа призна дека се разбудила неколку дена и левата страна на лицето целосно пропаднала. Во други времиња, таа би била во агонија затоа што би била отечена од коските што скапуваат и ја ослабуваат.

 

Loading...

 

„Едноставно повеќе не изгледам како мене. Очигледно ќе стареам многу побрзо поради лекови, но ова не ми требаше”, рече таа.

Инаку, актерката има два брака зад себе и со својот втор сопруг доби син и ќерка.

 

Leave a Reply