Ги тужела лекарите за грешка при операцијата, а сега и самата би можела во затвор

Сподели со своите пријатели

Британката Наташа Коли ја тужела Британската национална здравствена служба за дури 7,3 милиони фунти поради лекарска грешка што довела до тоа нејзината ќерка Меган (21) да биде „приморана“ значително да ја користи инвалидската количка.

Loading...

Но, сега ѝ се заканува затворска казна бидејќи на социјалните мрежи завршија снимките и фотографиите на кои нејзината ќерка танцува, пее и ја игра главната улога во претставата.

Коли поднела тужба во 2016 година во име на нејзиното тогаш малолетно дете.

Таа тврдела дека нејзината ќерка Меган, која е родена со изместени колкови, завршила со тежок инвалидитет поради лекарска грешка при операцијата која требало да ја исправи, пишува Дејли Мејл.

Универзитетската болница Hull NHS Trust признала дека се случила медицинска грешка. Сепак, тие ги процениле побарувањата на 65.000 фунти.

 

 

Loading...

Истрагата покажала нешто сосема друго.

На социјалните мрежи биле објавени снимки од девојката како игра и глуми во претставата без никакви видливи потешкотии.

Нејзината мајка ги отфрлила обвинувањата, велејќи дека таа ретко била на сцената и настапувала во претставата со силни болки.

Професорите од колеџот каде што девојчето студира изведувачки уметности им кажале на адвокатите на Националната здравствена служба дека Меган е „силна танчерка“ и биле изненадени кога дознале дека има тешка попреченост.

Меган ја повлече својата поддршка за барањето за отштета неколку дена пред да оди на суд.

Сепак, нејзината мајка би можела да заврши во затвор затоа што наводно лажела за здравјето на своето дете. Самата девојка не е обвинета за тоа.