Ги расфрла парите на „тато“ и им се смее на „обичните смртници“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неименуван син на богаташ од Москва со маска, која изгледа како да е прекриена со дијаманти, фрла пари низ прозорецот од својот автомобил и гледа како луѓето трчаат да ги соберат.

Момчето на снимката се смее и се фали како има толку многу пари што минувачите мора да се разочарани од самите себе. Тој наводно припаѓа на „клубот на деца милионери“ додека на инстаграм постои и профилот richrussiankids (богатите руски деца) на кој првобитно е објавено видеото.

Капење во шампањско, китење со дијаманти: Како живеат децата на богаташите од Хонг Конг (фото)

Loading...

– Одеднаш ми дојде идејата дека парите во суштина се многу бескорисни. Тоа се само парчиња хартија. Значи околу тоа ќе се испоубиете? Ве жалам – „филозофира“ синот на рускиот тајкун.

По краткото излагање маскираното момче започнува да фрла околу 50.000 рубљи низ прозорецот, што е една добра плата во Русија.

Овој чекор згрози многу корисници на социјалните мрежи кои веднаш започнаа со навреди кон размаженото дете, а многумина го исмеваа и го нарекоа срамота за земјата и родителите.

https://youtu.be/WJtdwj5D1-g

Leave a Reply