Германскиот министер ја отфрли брзата одлука за членство на Украина во НАТО

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја отфрли брзата одлука за членство на Украина во НАТО, западната воена алијанса која ја поддржува Украина во текот на целата војна со Русија.

Loading...

Киев сака Северноатлантскиот договор да ѝ понуди членство.

„Вратата е отворена, но сега не е време да се донесе одлука“, рече Писториус доцна во четвртокот навечер во програмата на ЗДФ, додавајќи дека Украина е свесна за ситуацијата во која се носи одлуката.

Писториус рече дека одлуката за приклучување на Украина во алијансата не може да се донесе само од солидарност, туку „со ладна глава и жешко срце“. Не обратно“.

За можното членство на Украина во НАТО или во Европската унија нема да се разговара во петок, на четвртиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, во американската воздухопловна база Рамштајн во јужна Германија, додаде министерот.

Коментарите на Писториус доаѓаат по првата посета на шефот на НАТО Јенс Столтенберг на Украина од почетокот на руската инвазија пред 14 месеци.

Тој го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус во јули, велејќи дека кандидатурата на Украина за членство во НАТО и силните безбедносни гаранции за земјата ќе бидат високо на агендата на самитот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...