Германскиот извоз нагло падна во декември

Сподели со своите пријатели

Германскиот извоз драстично падна во декември, покажаа денеска податоците на заводот за статистика, како одраз на послабата странска побарувачка во период на високи цени на енергијата и зголемени трошоци за задолжување.

Loading...

Во декември извозот е намален за 6,3 отсто во однос на ноември, а увозот за 6,1 отсто, објави Дестатис.

Во цела 2022 година извозот скокна за 14,3 отсто, но увозот забележа уште посилен раст, за 24,3 отсто, поттикнат од зголемувањето на цените на енергијата под влијание на војната во Украина и западните санкции против Русија.

Така, лани повторно е намален суфицитот во трговската размена со светот, петта година по ред, нагласи Дестатис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Најголем дел од стоката била увезена од Кина

Во декември, суфицитот беше за 8,3 отсто помал од ноември, лизгајќи се на 10 милијарди евра.

Во однос на декември 2021 година е зголемен за 58,7 отсто. Главна дестинација на германскиот извоз во декември 2022 година, исто така, беа Соединетите Американски Држави, иако неговата вредност беше за 10 отсто пониска од ноември, паѓајќи на 12,3 милијарди евра. Увозот од САД е намален за 7,3 отсто, на 7,7 милијарди евра.

Германија увезла најмногу стоки од Кина во декември, во вредност од 13,5 милијарди евра, за 14 отсто помалку од претходниот месец.

За истиот процент е намален и германскиот извоз во Кина, кој се лизна на 7,6 милијарди евра.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Извозот во Русија е намален во декември за 16,7 отсто во однос на ноември, на 900 милиони евра.

Падот на увозот се задржа на ниво од ноември и изнесува 1,6 милијарди евра.

Германија на крајот на минатата година извезла помалку во другите членки на Европската унија, за четири отсто во однос на ноември, а вредноста на извезената стока изнесува 70,9 милијарди евра.

Намален е и германскиот увоз од остатокот на Унијата, за 4,8 отсто, на 58,7 милијарди евра.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.