Генералното собрание на ОН усвои резолуција за Чернобил

Сподели со своите пријатели

Генералното собрание на Обединетите нации без гласање ја усвои резолуцијата за катастрофата во Чернобил, пренесува ТАСС.

Loading...

Резолуцијата со наслов „Трајното наследство од катастрофата во Чернобил“ беше лансирана заеднички од Русија, Белорусија, Азербејџан, Ерменија, Велика Британија, Канада, Кина, Соединетите Американски Држави и голем број земји од ЕУ, пренесува руската агенција.

Документот ја препознава потребата за континуирана меѓународна соработка за Чернобил под покровителство на Обединетите нации и ја нагласува потребата од продолжување на следењето на животната средина и здравјето на регионите и заедниците погодени од катастрофата во Чернобил за да се оцени ефикасноста на меѓународната помош.

Резолуцијата ги повикува земјите-членки и сите заинтересирани партнери да ја поддржат меѓународната соработка поврзана со Чернобил со цел да се постигнат целите за одржлив развој во регионите погодени од катастрофата, преку партнерства, иновации и инвестиции, додава ТАСС.