Газдарицата сакала да ја прошета, а незаинтересираната хаска јасно ја одби нејзината понуда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И да немате куче, знаете дека тие едвај чекаат да ѕирнат надвор од дома. Многумина скокаат од радост кога ќе видат дека нивните сопственици одат до вратата и го земаат поводникот, а други квичат од радост како да е празник. Но, не и Рекс, хаска од Велика Британија.

Loading...

Неговата сопственичка Софи знае дека нејзината четириножна пријателка ќе одбие да оди на прошетка освен ако тоа не е апсолутно неопходно. Таа сними една таква ситуација и ја објави на ТикТок, каде бесот на Рекс стана вирален.

„Ајде, да одиме на прошетка“, му вели Софи на Рекс, кој останува да лежи во својот кревет.

Иако се надева дека тој со ентузијазам ќе притрча кон неа и нема да се откаже од идејата, Рекс почнува гласно да протестира. Погледнете го слаткото видео подолу.

 

@rexthemajestichusky

I thought we were guna go out? 🤷🏼‍♀️

♬ original sound – Rex The Majestic Husky