Гарнизон и населбата Доброшане денес без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во период од 8:30 до 15:30 часот денес без електрична енергија ќе биде дел од населбата Доброшане, додека пак во период од 6:15 до 14 часот без електрично напојување ќе остане локалитетот Гарнизон во центарот на градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, а се со цел подобрување на услугата на корисниците.

Во останатиот дел од градот снабдувањето со електрична енергија се одвива редовно и без дефекти.

 

Loading...