Г7 ветува дека ќе ги зголеми санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Шефовите на дипломатиите на Групата седум најбогати либерални демократии се договорија за посилни и построги санкции против Москва и најавија дека се обединети во борбата против руската инвазија на Украина.

Loading...

Шефовите на дипломатијата на Г7 се собраа вчера во јапонскиот туристички град Каруизава, а во фокусот на нивните разговори беа зголемениот притисок на Кина врз Тајван и војната во Украина.

Во денешното соопштение беа наведени обврските како што е договор да се зборува поостро за зголемената кинеска и севернокорејска агресија во североисточна Азија.

Сепак, во фокусот на тридневниот самит во јапонското одморалиште беше руската инвазија на Украина.

„Војната и другите злосторства како руските напади врз цивили и цивилната инфраструктура не смеат да останат неказнети“, рекоа министрите.

Во соопштението се додава дека државите остануваат посветени на воведување построги санкции кон Русија и обезбедување поддршка на Украина до степен до кој е потребно.

„Неодговорната нуклеарна реторика на Русија и нејзината закана за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија се неприфатливи“, рекоа министрите.

Состанокот на министрите за надворешни работи треба да го подготви теренот за самитот на шефовите на државите од Г7 во мај, во Хирошима, Јапонија.

Loading...

Министрите на Г7 од Јапонија, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Италија и Европската унија истакнаа дека нивната средба во Каруизава означила клучен момент во одговорот на светот на двете кризи.

Тие објавија дека мирот и стабилноста меѓу Кина и Тајван се „неопходен елемент за безбедност и просперитет во меѓународната заедница“ и повикаа на „мирно решавање на прашањата меѓу теснецот“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.