Францзија го казни „Епл“ со 1,1 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

По малку во сенка од целокупната состојба со епидемијата на коронавирусот, беше донесена одлука за рекордна казна изречена во Франција на една технолошка компанија.

Loading...

Поточно, францускиот регулатор на пазарот одлучи да го казни Епл со 1,1 милиони евра за „однесување кон дистрибутивна и продажна мрежа што не ги исполнуваше правилата за конкуренција на пазарот“.

По месец дена „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина

Во својата одлука тие напишале дека „Епл“ им наметнува цени на другите продавачи со цел да се поклопи цената на производот со цените во продавниците на „Епл“ или на интернет.

„Епл“ и нејзините двајца партнери се согласија да не се натпреваруваат и да им забрануваат на дистрибутерите да се натпреваруваат едни со други, што го „стерилизира“ пазарот на големо на производите на Епл, тврди француски регулатор.

Епл ќе плати 500 милиони долари поради намерно успорување на постарите модели

Покрај Епл, казни се изречени и на нејзините партнери за трговија со големо. Така, Tech Data е казнет со 76 милиони евра, а Ingram Micro со 63 милиони евра.

Како што се очекуваше, „Епл“ поднесе жалба против решението, па самата казна ја нарече „преседан во Франција“.

Loading...

Leave a Reply