Франција ќе го покани рускиот амбасадор на разговор по смртта на Навални

Сподели со своите пријатели

Франција ќе го покани рускиот амбасадор во Париз на разговор за смртта на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, објави денеска Монд, повикувајќи се на коментарите на францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн за време на патувањето во Аргентина.

Loading...

„Побарав рускиот амбасадор да биде повикан денеска во 18:30 часот“, рече Сежурн, според Монд, пренесува Ројтерс.

Германија, исто така, во понеделникот го повика рускиот амбасадор во Берлин поради смртта на Навални (47), кој ненадејно почина во петокот откако се шеташе во дворот на казнената колонија на крајниот север на Русија, каде што издржуваше 30-годишна затворска казна.

На разговори руските амбасадори ги поканија и Шпанија и Шведска.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борел во понеделникот рече дека земјите-членки на ЕУ ќе предложат санкции против одговорните за смртта на Навални.

Западните земји и поддржувачите на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, но официјална Москва негираше вмешаност и рече дека „западните обвинувања и тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи“, пренесува Танјуг.