„Форд“ изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило „форд“ вчера било опожарено откако настанал пожар додека истото било паркирано.

Loading...

– На 09.01.2024 година во 10.06 часот во СВР Куманово И.Ј. (29) од Куманово пријавил дека на улицата „Клара Цеткин“ во Куманово настанал пожар во неговото патничко моторно возило „форд“ кое било паркирано, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово