Финска почна да крева ограда кон Русија

Сподели со своите пријатели

Финска започна со подигнување на нова ограда долга 200 километри на дел од границата со Русија, а на тој чекор се реши по инвазијата на Украина, соопшти граничната служба.

Loading...

Работите вклучуваат трикилометарски пилот проект во близина на градот Иматра, на југоистокот на Финска, пишува АФП и пренесува Хина.

Планирана е изградба на дополнителни 70 километри меѓу 2023 и 2025 година, главно на југоисточниот дел на нордиската земја. Финска има 1340 километри долга граница со Русија.

Финска планира да изгради 200 километри ограда, а работите се проценуваат на 380 милиони евра, пренесува Ал Џезира.

На металната ограда висока три метри ќе биде поставена бодликава жица, а на чувствителните места ќе бидат поставени камери за ноќно снимање, светилки и звучници.

Се очекува работата да биде завршена во 2026 година.

Естонија, Летонија и Полска исто така ја зајакнаа или ќе ја зајакнат безбедноста на границата со Русија.