Финска го продолжува затворањето на границата со Русија

Сподели со своите пријатели

Финска ќе го продолжи затворањето на својата граница со Русија, што требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство Сари Есајах за националната телевизија ИЛЕ.

Loading...

„Границата ќе остане затворена“, рече Есаја, на прашањето дали границата ќе остане затворена уште еден месец.

Финските медиуми претходно објавија дека владата ќе ја продолжи мерката, пренесува Танјуг.

Голем број баратели на азил

Финска ја затвори руската граница на крајот на минатата година за да спречи зголемениот број баратели на азил да влезат во нордиската земја.

Финските власти ја обвинија Москва дека го извршила наводниот хибриден напад и намерно им помага на мигрантите без документи да преминат во нордиската земја. Кремљ ги негира обвинувањата.

Околу 900 баратели на азил од земји како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле во Финска од Русија во ноември, што е голем пораст од помалку од еден на ден во претходниот период, според финските граничари.