Финска денеска гласа за закон кој го забрзува патот кон НАТО

Сподели со своите пријатели

Финските пратеници попладнево ќе гласаат за закон кој ќе овозможи на нивната земја да го забрза процесот на пристапување во НАТО.

Loading...

Доколку овој закон биде усвоен, Финска може брзо да реагира дури и ако очекуваните ратификации од Турција и Унгарија дојдат во време кога Финска сè уште нема формирана влада по парламентарните избори во април, пренесува Гардијан.

Се очекува овој закон да биде донесен без никакви проблеми.

Претседателот на Финска, Саули Ниинисто минатата недела изјави дека ќе го потпише овој закон, но дека „од практични причини“ може да почека до изборите во април.

Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот прием во оваа организација, туку се поставува рок до кој Финска истовремено ќе чека соседна Шведска да влезе во НАТО.