Филипче: Следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична

Сподели со своите пријатели

Следуваат недели во кои ситуацијата може да биде навистна критична, рече министерот за здравство Венко Филипче денеска од Охрид, осврнувајќи се на растот на бројките на новозаполени од ковид-19.

Loading...

– Бројот на новодијагностицирани, но и бројот на пациенти, генерално во државата во последните денови нагло расте. Ако ја гледаме динамиката со која што бројот се зголемува можеме да кажеме дека следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична, рече Филипче.

Зголемување на бројот на новозаболени има во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, каде расте и бројот на хоспитализации и дел од нив се префрлаат во Скопје, рече Филипче.

Според министерот за здравство посебно е голем бројот на нови случаи во градови што имаат мал опфат на вакцинирано население меѓу 20 и 23 проценти.

Никола Ивановски