Филипче: Нема некоја значајна компликација на здравствената состојба на Спасовски

Сподели со своите пријатели

Нема некоја значајна компликација на здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој со Ковид-19 е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Loading...

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.

– Спасовски е хоспитализиран од вчера. Неговата здравствена состојба е стабилна, има зголемена телесна температура, меѓутоа нема некоја значајна компликација на здравствената состојба, рече Филипче.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply