Филипче: Не очекува критичен период, на располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники

Сподели со своите пријатели

Периодот е навистина критичен. Очекуваме период во кој бројот на новодијагностирани со Ковид-19 ќе биде линеарен. Значи не очекува критичен период во кој ќе има потреба од болнички капацитети. Тоа се случува насекаде во регионот и има огромен пораст на новозаразени и на смртни случаи, иако има рестриктивни мерки. На располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники, како и кадарот кој таму работи. За кратко време ќе направиме проценка со се што се располага и во таа смисла заеднички со нашите државни капацитети ќе направиме и план за работа.

Loading...

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.

Одговарајќи на новинарско прашање претседателот Стево Пендаровски рече дека за сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ако се прогласи кризна состојба таму каде ќе се процени, за тоа ќе има обесштетување односно ќе се компензира таа приватна здравствена услуга.

– Значи не се работи за национализација, па имаме нов газда и тој како сака. Не, државата ќе се јави евентуално во улога на менаџер во овие 30 дена. Значи за секоја услуга ќе се компензира од државата, затоа што се користат приватните ресурси, да нема забуна околу тоа. Законот тоа го кажува не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност, додаде Пендаровски.

Во врска со тоа, премиерот Зоран Заев рече дека ние немаме Закон за вонредна состојба, ние имаме Закон за кризна состојба, каде е опишано 30 отсто од што се плаќа, како се враќаат ситуациите во првобитна состојба, државата сето тоа треба да го плати и таму е детално опишано.

– Прватните болници го користат здравствениот фонд по различни основи и тој продолжува да ги испорачува сметките, да ги плаќа фактурите на приватните болници. Досега беа управувани јавните институции сега ќе бидат и приватните, додаде Заев.

Во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти заради тоа што тука се лекарите интернисти, специјалисти, пулмолози и другите интернисти кои имаат искуство во лекување на вакви пациенти.

Во врска на подготвеноста на клиниките за нови пациенти, министерот Филипче појасни дека два ката од зградата на Интерните клиники се речиси исполнети, а се подготвува и уште еден кат каде се наоѓаат одделенијата за оториноларингологија и за офталмологија, кои од утре треба да се стават во функција.

Loading...

Филипче посочи дека целокупниот кадар е практично на стенд бај и во координација со одговорните, дел од директорите на Интерните клиники се прават распореди за дежурства и за функционирање во следнит период.

– Сосема доволен број слободни кревети може да се стават во функција во ГОБ „8 Септември“, која ја задржа и својата вообичаена работа. Иницијално предвидениот број кревети близу 80, 90, веќе се пополнети, но може во следниот период согласно овој огромен притисок кој го имаме во изминатите денови, да запре тој систем „МојТермин“ и таму да се сместат уште повеќе пациенти. Значи целосна мобилизација, секојдневна координација, спремни сме и други клиники да ангажираме, тоа се дел од хирушките за што веќе имавме состанок. Веќе се прави интерен план заедно со повеќе директори на Хирушките клиники. Тоа би бил следниот чекор. Ќе направиме целокупен план кој ќе ги вклучи сите ресурси, додаде Филипче.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply