Фенот и пеглата се уништувачи на косата: Фризерката откри трик како да ја заштитите вашата коса (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Користењето апарати кои ја обликуваат косата со помош на топлина е попопуларно од кога било.

Loading...

Општо е познато дека пеглата, фигарото и фенот се многу штетни за косата.

Голема грешка на многу девојки, особено на тинејџерките кои штотуку почнуваат да ја стилизираат косата, е да ја занемарат негата на косата, особено пред и после нанесување на пегла или фен.

Постојат различни препарати за исхрана и заштита на косата, па нема оправдување за нивно избегнување.

Кога ќе го погледнете видеото кое еден фризер го објавил на својот профил на Тик Ток, ќе ви стане јасно зошто е тоа така.

Еден брз и прилично едноставен експеримент ви покажа нешто многу важно – ефектот на топлината на вашата коса, а воедно и што се случува со неа ако нанесете спреј за заштита од топлина.

Како што ќе видите, експериментот бараше само една хартија и спреј за заштита од топлина. Едната половина од хартијата беше прскана, а другата половина не.

Откако ќе ја поминете пеглата за коса преку хартијата, половината без топлинска заштита изгоре до темно кафеава боја, додека испрсканата половина беше сè уште бела.

Loading...

Погледнете го видеото и проценете сами.

Зошто се случува ова?

На температури над 160 степени, кератинот од косата почнува да се оштетува, а кај повеќето машини за обликување на косата ова е најниската температура. На толку висока температура вашата коса се суши и се оштетува од секој допир на топлина.Со текот на времето таа станува послаба и почнува да се крши.

Затоа, спрејовите за заштита од топлина се најдоброто нешто што можете да го направите за вашата коса, ако веќе ја третирате со фен и пегла.

 

@thequartershorsley

#hqhorsley #hairdresser #apprentice #hairtiktok #fyp #foryoupage #surrey #hairsalon #hairstylistsoftiktok #funnyhairstylists #heatprotector #ghd

♬ everyone stream Carly Rae Jepsens Dedicated album – jaden 🕊