Европски суд: Фејсбук може да биде присилен да отстрани одредени содржини

Сподели со своите пријатели

Највисокиот суд на Европската унија објави дека секоја земја-членка може индивидуално да му нареди на Фејсбук да го отстрани или блокира пристапот до одредени содржини претходно прогласени за нелегални.

Loading...

Одлуката на Европскиот суд на правдата, донесена во четвртокот, беше окарактеризирана како пораз за Фејсбук бидејќи може да ја зголеми својата одговорност за она што се појавува на интернет.

Судот донесе пресуда откако австриска политичарка од „Зелената партија“ ја тужеше интернет компанијата во Австрија и побара таа да ги отстрани коментарите за кои сметаше дека се лоши за нејзината репутација и ја навредува во објава што може да ја види секој корисник на таа социјална мрежа.

Фејсбук веќе некое време е мета на обвинувања, но и тема на дебата што ја разгледува одговорноста на социјалната мрежа кога станува збор за нарушување на приватноста на корисниците.

Leave a Reply