Еве зошто ‘рчењето во бременоста може да биде загрижувачко

Сподели со своите пријатели

‘Рчањето за време на бременоста може да биде предупредувачки знак за висок крвен притисок, покажа новото истражување спроведено на Харвард. ‘Рчењето е чест симптом на опструктивна ноќна апнеја, а бремените жени се изложени на зголемен ризик од оваа состојба поради повисоките нивоа на естроген, што може да предизвика отекување на носната слузница, што доведува до назална конгестија.

Loading...

 

 

Претходните студии покажаа дека приближно една од 12 трудници страда од оваа состојба, пишува The Telegraph.

Истражувачите од Универзитетот во Питсбург и Харвард спроведоа тестови за апнеја при спиење на повеќе од 9.000 жени за време на нивната прва бременост. Околу 1.200 од овие жени биле следени и подложени на уште еден тест неколку години подоцна.

 

Loading...

 

Тестовите се направени дома, а тие измериле колку пати човек доживува паузи со дишењето и пад на нивото на кислород. Се сметаше дека учесниците во студијата имаат апнеја при спиење доколку доживеале пет или повеќе респираторен застој или пад на нивото на кислород во текот на ноќта.

Главниот автор на студијата, др. Франческа Фако, рече дека тешкотиите со дишењето за време на спиењето претходно биле поврзани со лошото здравје на срцето, но малку истражувања го разгледувале влијанието на состојбата врз бремените жени.