Еве зошто Германија ги „исклучува“ сообраќајните камери на автопатите

Сподели со своите пријатели

Германците кои сакаат ажурирани слики од веб-камерите на германските автопати, за да видат дали има метеж или не, не се задоволни бидејќи сообраќајните камери моментално не се достапни. Според објаснувањето на германското Министерство за транспорт, како причина се наведуваат актуелните случувања во Европа.

Loading...

Според портпаролот на Министерството за транспорт на покраината Баден-Виртемберг, камерите не се исклучени, само дисплејот од нив повеќе не се објавува на Интернет, пишува Ревијахак. Што е отприлика уште еден начин да се каже дека се – изгаснати.

Се шпекулира дека причините за гасењето на камерите се воено-безбедносни, бидејќи на тој начин ги покриваат движењата на воените единици по германските автопатишта, но и конвојот со воена помош за Украина.