Еве како можете да откриете дали повеќе ви одговара долга или кратка коса (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ако имате намера да ја скратите долгата коса, но не можете да соберете храброст да одите на фризер бидејќи се грижите како ќе ви одговара, пробајте го овој трик.

Loading...

По капењето и сончањето, косата секогаш се суши, па добро е малку да се скрати, а со доаѓањето на есента, на многумина им паѓа на памет да направат голема промена во фризурата. Ако имате идеја да ја скратите долгата коса, но не можете да соберете храброст да одите на фризер бидејќи се грижите како ќе ви одговара, пробајте го овој трик.

Ејми Чанг, влијателка, сподели еден трик кој ги воодушеви нејзините следбеници. “Има еден метод што може да ви каже дали ви одговара кратка коса или не. Се е во брадата и вилицата”, го започнува Ејми видеото.

Потребни ви се само две пенкала и метар. Ставете еден молив под брадата, а другиот на почетокот на увото или на ушната школка. Измерете го растојанието помеѓу овие две пенкала.

Ако разликата е повеќе од 5,7 сантиметри, тогаш долгата коса ви одговара повеќе, и ако разликата е помала од таа бројка, тогаш бидете сигурни дека пократката коса добро ќе ви стои.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 3 милиони пати, а следбениците се воодушевени од советите, што е многу лесно да се проба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMY CHANG 👄 (@bondenavant)

Loading...