ЕУ подготвува пакет финансиска помош од 50 милијарди евра за Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија е подготвена да предложи пакет финансиска помош од околу 50 милијарди евра за поддршка на Украина додека земјата се обидува да ја врати својата територија изгубена во руската агресија пред повеќе од една година, пренесува Блумберг.

Loading...

Предлогот на Европската комисија треба да помогне во финансирањето на тековните трошоци на украинската влада и покривање на трошоците за итна реконструкција, велат извори запознаени со планот.

Пакетот, кој останува предмет на промени, ќе биде објавен денеска пред конференцијата оваа недела во Лондон, на која донаторите ќе разговараат за тоа како да се обнови земјата, а украинските власти ќе побараат учество на приватниот сектор.

Европската комисија ќе понуди помош во форма на грантови, концесиски заеми и гаранции, изјавија за Блумберг извори кои сакаа да останат анонимни, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.