ЕУ ги продолжи санкциите против Москва

Сподели со своите пријатели

Европската унија ги продолжи санкциите против Русија до 24 февруари 2025 година, објавено е на страницата на Службениот весник на ЕУ.

Loading...

„Рестриктивните мерки согласно Одлуката бр.266 од 2022 година да бидат продолжени за дополнителни 12 месеци до 24.02.2025 година“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека санкциите се поврзани со влегувањето на руските сили во областите Доњецк, Луганск и Херсон и Запорожје, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Во текстот се наведува дека „треба да се задржат сите мерки што досега ги презема ЕУ и доколку е потребно да се воведат нови“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.