Ердоган: Путин би можел да дојде во Турција во април

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин би можел да ја посети Турција на крајот на април по повод отворањето на првата нуклеарна централа во земјата, која ја изгради руската компанија Росатом.

Loading...

– Претседателот Путин би можел да дојде во Турција на 27 април на церемонијата на стартување на нуклеарната централа. Можеби заедно ќе учествуваме во онлајн формат – рече Ердоган, пренесе приватната ТВ станица АТВ.

Како што јави Спутник, Ердоган изјавил дека Путин треба да присуствува на церемонијата на полнење гориво во првата турска нуклеарна централа.