Ердоган одлучи: Турција оди на избори

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател во средата изјави дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14 мај, како што е предвидено, нешто повеќе од три месеци по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе во Турција.

Loading...

„Оваа нација ќе го направи она што е неопходно на 14 мај“, рече Реџеп Таип Ердоган во говорот пред претставниците на неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Тоа е датумот за кој претходно зборуваше Ердоган и не го помести поради земјотресот.

Осудувајќи ги оние кои ја критикуваа неговата влада за лошото владеење по земјотресот на 6 февруари, Ердоган рече: „Ќе им дадеме соодветен одговор на 14 мај“.