Епл и компјутерите: Првиот компјутер продаден за 400.000 долари

Сподели со своите пријатели

Оригиналниот компјутер на Епл, направен од основачите на компанијата, Стив Возниак и Стив Џобс, во 1976 година, е продаден за 400.000 долари на аукција во САД.

Loading...

Компјутерот Епл 1, обложен со слој од хавајско дрво коа, сè уште е во функција и е еден од 200-те парчиња направени во оваа форма.

Компјутерот имал само двајца сопственици, еден професор од колеџ и неговиот студент кои ја продале машината за 650 долари, според аукциската куќа Џон Моран.

Во прирачникот се продавал и софтвер на Епл на две касети.

„Ова е еден вид свет грал за собирачите на стара електроника и компјутерска технологија“, изјави експертот за Епл-1 Кори Коен за Лос Анџелес Тајмс пред аукцијата во вторник во Монровија, во близина на Лос Анџелес.

 

 

Loading...

„Ова е навистина возбудливо за многу луѓе“, додаде тој.

Џобс, Возниак и Роналд Вејн го основаа Епл на 1 април 1976 година во гаража во Калифорнија.

За да го финансира производството на компјутерот Епл 1, Џобс го продаде сопственото комбе Фолксваген, а Возњак калкулаторот HP-65 за 500 долари.

Првите компјутери на Епл биле продадени во 1976 година за 666,66 долари, бидејќи наводно Возниак сакал повторувачки броеви.

Се верува дека има околу 20 од овие компјутери во светот кои се уште работат.

Овој компјутер на Епл не е најскапиот за продажба на која било аукција – работната верзија на компјутерот достигна цена од 905.000 долари во Њујорк во 2014 година.