„Ембаргото на руската нафта ќе биде болно и за ЕУ и за Москва“

Сподели со своите пријатели

Ембаргото на Европската унија за руската нафта ќе биде болно за членките на Унијата, но и за Москва, смета австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Loading...

„Одлуката да се воведе ембарго за нафта е мерка која сама по себе ќе биде болна за земјите-членки“, рече Нехамер по пристигнувањето на вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

 

Русија: Соборен авион Сухој-25, убиени 290 екстремисти во Украина

 

„Но, треба да бидеме реални, тоа што го трпиме не е ништо во споредба со она што треба да го поднесе украинскиот народ“, додаде тој.

Доцна синоќа лидерите на земјите-членки на ЕУ се договорија сега делумно да забранат увоз на руска нафта како дел од шестиот пакет санкции против Москва.

Руската нафта што се доставува преку танкери ќе биде забранета.

Loading...

 

ЕУ треба да го забрани рускиот гас, но тоа нема да се случи, вели премиерката на Естонија

 

Договорот ќе забрани 90 отсто од увозот на нафта во Русија до крајот на годината.

Ништо од ембаргото за гас

Нехамер рече дека ембаргото за гас нема да биде вклучено во овој нов пакет санкции.

„Ситуацијата со гасот е поинаква бидејќи нафтата може полесно да се компензира“, додаде тој.